21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

Од:

Околу 21 милион луѓе во кинескиот град Ченгду се во карантин поради новата епидемија на коронавирус. Во Кина уште е на сила политиката на нулта ковид, па властите го потиснуваат ширењето на вирусот со воведување долгорочни карантини и масовни тестирања. Ченгду, град во југозападна Кина, е последниот град кој објави карантин, пишува „Гардијан“.

Во официјалното соопштение, градските власти соопштија дека жителите мора да останат дома бидејќи „борбата против новиот бран зарази продолжува“.

Ченгду вчера забележа 157 новозаразени, од кои 51 лице не покажале никакви симптоми, соопштија градските власти.

На секое домаќинство ќе му биде дозволено да испраќа по едно лице дневно да купува намирници и основни потреби, под услов тестот да биде негативен во претходните 24 часа, се вели во известувањето.

Се вели дека сите жители ќе бидат тестирани за вирусот меѓу четврток и недела и властите ги повикаа да не го напуштаат градот освен ако тоа не е „апсолутно неопходно“.

„Моменталната состојба на контрола на епидемијата е сложена и мрачна. Целта на мерките е да се запре ширењето на епидемијата и да се гарантира здравјето на сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговската војна на Трамп го достигна пикот, во сила се новите царини