2014 – годината во која еболата се врати

Од:

БТА – Софија

Две илјади и четиринаесетата беше годината кога егзотичната болест еболата, која досега убиваше луѓе само во најсиромашните региони на Африка, се појави со полна сила на светската сцена и ги одзема животите на повеќе од шест илјади луѓе од потврдените 17,000 случаи на заразата во осум држави, вклучувајќи ги и Шпанија и САД. Меѓу жртвите има и многу лекари, во смсол на видни африкански здравствени експерти.

Се смета дека во трите најнастрадани западноафрикански држави (Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија) бројот на починати болни е три пати поголем од официјалните податоци, затоа што многу случаи не се препознати како ебола заради недостигот од здравствен персонал и на тестови за дијагностицирање, н затоа воопшто не се декларирани пред властите. Одделна епидемија од ебола во Демократска република Конго беше совладана откако одзема 49 животи. Епдемиите во Сенегал и Нигерија беа сопрени со минимален број на жртви, заради навремената реакција на локалните власти, но во текот на октомври се отвори нов фронт во Мали.

До денес, еболата продолжува да жнее во Либерија, Сиера Леоне и во Гвинеја. Епидемијата буквално ги сотре трите држави чии економии токму се обидуваа да се опорават од годините граѓанската војна. Според Светската банка, епидемијата од ебола ќе ги чини засегнатите држави 3-4 милијарди долари.

Претседателот на САД, Барак Обама, побара од Конгресот над шест милијарди долари за борба против еболата, ЕУ вети една милијарда долари, Светската банка додели стотици милиони долари. Во собирањето на средствата за медицинска помош и храна за засегнатите држави, се вклучија многу држави и технолошки гиганти, како Фејсбук и Гугл. Не малку држави и организации испратија воени и цивилни медицински лица во засегнатиот регион. Куба се истакна како лидер во таа насока и беше пофалена за придонесот дури и од својот стар противник САД. Се зборува дури и за користење на роботи во битката со болеста.

Еболата се претвори во водечка тема на средбите ва врвот, а САД, ЕУ и ОН именуваа координатори во борбата со болеста. Сите овие напори всушност дојдоа дури во август, кога епидемијата веќе го беше зафатила трите најзасеганти држави. Уште во јуни, меѓунардоната организација Лекари без граници предупреди дека битката со болеста може да биде изгубена ако не се преземат брзи дејствија. Но дури два месеци подоцна, Светската здравствена организација излезе со патна карта за борба со еболата, а дури во септември Советот за безбедност на ОН објави дека еболата е закана за мирот и безбедноста во светот.
И додека борбата со опасниот вирус на хеморалгичната треска продолжува, на виделина изглегоа неколку горчливи вистини. Во трите најзасегнати африкански држави нема доволно лекари, добри болници и адекватен здравствен систем, често нема дури ни елементарни хигиенски услови, како сапун и чиста вода, а да не зборуваме за заштитна облека за работа со пациенти од ебола и за систем за следење и набљудување на луѓето кои биле во контакт со болните. Овие држави изгледаат изолирани, независно дали станува збор за еболата или за друга болест. Во Либерија, на пример, уште пред сегашната епидемија од ебола имаше по еден лекар на 70,000 пациенти, така што кризата беше неизбежна.

Но Африка всушност не страда само од ебола. Во октомври, СЗО соопшти за појава на друга опасна болест која се распространува во услови на мизерија – чумата, која стигнала до престолнината на Мадагаскар, Антананариво. Во Африка има и маларија, туберкулоза, сида, а треската ласа, која е исто толку страшна колку и еболата, зима се повеќе жртви. Еболата не потсети на непријатната вистина колку сиромашна продолжува да е Африка – во миг кога ОН објави дека имено на тој континент има најмногу млади луѓе во светот, а аналитичарите препорачаа огромни инвестиции за да се создадат услови за вработување на тие млади луѓе. Во целина, еболата покажа дека кога недостасуваат финансиски средства, страдаат здравството и обичните луѓе, лишени од фундаменталното право на здравствена грижа.

Еболата го сврте вниманието и кон слабостите на светските организации, како СЗО, од кои се очекува да ја обединат меѓународната јавност за навремен одговор на слични здравствени кризи. Според Асошиетед прес во проект со податоци од октомври, самата СЗО си ги признала грешките во битката со распостранувањето на еболата, дозволени заради некомпетентен персонал, недостиг на информации и заради политички мотицвирани насоки. Еболата покажа дека за четири децении фармаколошкиот свет не успеа да пронајде ефикасен лек за болеста, можеби не само затоа што сеуште има нејаснотии околи нејзините извори и за пренесувањето, но и затоа што тој лек можеби и не е толку пријатен за фармаколошките гиганти.

Според издането Проџект синдикејт, поуките кои можат да бидат извлечени од оваа етапа од епидемијата на еболата се неопходноста од создавање на фонд од страна на СЗО за успешно реагирање при такви епидемии, и за подготовка на медицински лица за работа во засегнати држави.

Еболата натера некои луѓе да се запрашаат дали темата за заразата не е преекспонирана, така што луѓето да заборават дека и од обичен грип по светот умираат годишно помеѓу 250 и 500 илјади души. Изненадувањето кое го донесе нигериец во САД кај свои блиски и кој почина од ебола откако бил во контакт со 80 луѓе, покажа дека колку и да се говори за опасната болест, здравствените системи можат да се покажат како неподготвени. Информираноста пак им помогна на Нигерија и Сенегал да реагираат брзо и да ја ограничат епидемијата.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски