18 лица се повредени во судир на два автобуси во Њујорк

Од:

18 лица се повредени во судир на двокатен туристички автобус и градски автобус на Менхетен во Њујорк. Тие се пренесени во болници. Никој не е во опасност, соопштија претставници на итната помош.

– Многумина од повредените имаат исекотини, модринки, гребаници, со сомнителни скршеници и повреди на главата и вратот, а лекарите на лице место прегледале уште околу 63 патници, соопшти итната помош. Извештаите за несреќата пристигнаа синоќа – изјави заменик-началникот Кевин Марфи од Првата единица на Њујоршката противпожарна единица.

Скали и јажиња беа потребни за да се симнат некои луѓе од оштетениот автобус на катот, рече Марфи, пренесе АП.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он