Седумнаесет лица синоќа беа убиени и приближно 40 се повредени во стампедо по боксерски натпревар во индонезиската провинција Папуа, пренесоа француските медиуми, цитирајќи ја полицијата.
-Убиени се 17 лица, од кои 12 жени. Во болница се примени 38 повредени, изјави локалниот полициски портпарол.
Стампедото се случило откако претходно дошло до судир меѓу разгневени навивачи по поразот на нивниот фаворит.
На боксерскиот натпревар во градот Набире, во северна Папуа, имало околу 1.500 лица. Гневните навивачи почнале да ги фрлаат столовите и публиката се упатила кон излезите, при што десетици биле згмечени, додаваат француските медоуми.