17-годишник меѓу првите дошол да им помогне на украинските деца во хеликоптерската несреќа: „Им дадовме слатки“

Од:

Хлиб, седумнаесетгодишен Украинец, бил меѓу првите кои им помогнале на жртвите откако хеликоптерот се урна во близина на градинка и станбена зграда во Брвари, предградие на Киев.

Тој раскажа како им помогнале на децата во првите моменти по несреќата. „Им дадовме слатки, ги смиривме, им ги запишавме имињата, ги прегледавме, ги прашавме што ги боли. Имаа многу гребнатини и модринки. Ги најдовме нивните родители и старателите и им ги предадовме“, вели Хлиб за Би-Би-Си.

Според официјалните податоци, досега починаа три деца, а уште најмалку 10 се хоспитализирани поради повредите. Најмалку 16 лица загинаа.

Убиен е украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Според информациите, во хеликоптерот биле неговиот заменик Јевген Џенин и државниот секретар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски