16 уапсени и тројца повредени полицајци на протестите во Франција против ковид пропусниците

Од:

Во поголем број француски градови вчера се одржаа протести поради воведување на така наречените здравствени ковид пропусници. Седум саботи по ред во Франција се одржуваат протести, а вечра имаше околу 200 собири од кои четири во Париз, на кои граѓаните покрај ковид пропусниците се изјаснија и против вакцинацијата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на вчерашните протести учествувале околу 158.000 луѓе., а пред една недела протестирале приближно 175.000 лица. 16 лица се приведени, а тројца полицајци се со мали повреди на седмиот по ред протест од овој тип во земјата.

Здравствената пропусница се издава на лица вакцинирани со две дози, прележани или со негативен тест на Ковид-19 и е неопходна за влез во угостителските објекти, музеи и на спортски и културни настани. Противниците на мерките воведени за спречување на ширење на Ковид-19 тврдат дека со тоа се кршат основните слободи, како и оти со ковид пропусницата индиректно се воведува обврзна вакцинација.

Во Франција околу 72 проценти од населението е вакцинирано најмалку со една доза, а 64,5 отсто со две дози.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски