15 години ја држеле својата ќерка затворена

Од:

Чешката полиција откри млада жена за која се претпоставува дека родителите ја држеле затворена без контакт со други луѓе.

Случајот е откриен кога жителите во местото Милониц пријавиле дека од една куќа се слушаат крици кои им наликувале на животински.

„Прво мислевме дека се работи за некое животно, тоа беа страшни крици“, изјавија за ТВ Нова, соседите.

По доаѓањето на полицијата е откриено дека семејството во ѕидовите на својот дом ја кријат нивната ќерка, за која уште одамна велеле дека заминала во Словачка.

Сведоците тврдат дека полицијата од куќата изнела исплашена и бледа жена, чудно облечена со долга коса речиси до земја.

32-годишната жена е пренесена во психијатриска болница.

Се претпоставува дека родителите кои се сметаат за луѓе кои немаат проблематично однесување, ја затвориле својата ќерка уште како дете пред 15 години кога останала бремена.

Полицијата ги испитува околностите.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски