Санта мраз со должина од 120 километри се отцепи од Гренланд, една година откако експертите предупредуваа на ова. Според големината таа е двапати поголема од Менхетен, а откако се појави пукнатината, постојано беше надгледувана од сателитите на НАСА.
Експерите велат дека сосема нормална појава е да се одвојуваат сантите, но доколку овој процес за забрза, постои опасност од подигање на нивото на океаните.
„Гренландскиот леден појас постојано се намалува како резулатат на глобалното затоплување и зголемувањето на температурите, како и другите промени што се случуваат во големите води“- рече Андреас Муенчов, професор по океанографија на Универзитетот во Делвер.
Експертите предупредуваат дека многу од глечерите во јужниот дел на Гренланд се топат пребрзо, а најпогоден е северниот дел на Гренланд.