Единаесет лица загинаа, а 58 се повредени во нападот на демонстрантите на седиштето на некогашните бунтовници во либискиот град Бенгази, соопштија денеска лекарски извори.
Портпаролот на војската во Бенгази потврди дека 11 лица загинале во немирите во градот, од каде што почна бунтот против поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи во 2011 година.
Судирите избија откако повеќе дестици демонстранти, од кои некои биле вооружени, се обиделе ги истераат членовите на бригадата „Штит на Либија“ од нивите простории во Бенгази.
Либиските власти во периодот по режимот на Гадафи, со оглед на тоа дека се уше не формирале нова професионална полиција и војска, често пати ги повикуваат припадниците на „Штитот на Либија“ за да интервенираат во разни племенски конфликти, кои се уште ја потресуваат земјата.
Портпаролот на оваа милиција, Адел Таерхуни изјави дека еден нивни член е убиен, а седум се ранети.
Тој застана во одбрана на легитимноста на својата бригада, нагласувајќи дека таа официјално е под покровителство на Министерството за одбрана.
Портпаролот на вооружените сили, полковникот Али ал Шикхи изјави дека бригадата е „резервна сила на либиската армија“ и оти нападот на неа е исто што и „напад на легитимните власти“.
Во октомври минатата година жителите на Бенгази успеаја да ги протераат останатите слични милиции од нивните бази.