11 факти за училишното тормозење

Од:

Dosomething.org

1. Над 3,2 милиони ученици се жртви на насилство во училиште (булинг) секоја година.

2. Околу 160,000 тинејџери не одат на училиште секој ден поради булинг.

3. 17 проценти од американските ученици пријавиле дека биле жртви на булинг два до три или повеќе пати во месец, во едно полугодие.

4. Еден од четворица наставници не смета дека булингот е нешто лошо, и би интервенирале само во четири проценти од случаите.

5. До 14 годишна возраст, помалку од 30 проценти од момчињата и 40 проценти од девојчињата би разговарале со нивните врсници за булинг

6. Над 67 проценти од учениците сметаат дека училиштето лошо одговара на насилството, а висок процент на учениците мислат дека помошта од возрасни е недоволно честа и неефикасна.

7. 71 процент од учениците пријавиле инциденти со булинг како проблем во нивните училишта.

8. 90 проценти од учениците од 4-то до 8-мо одделение пријавиле дека биле жртви на силеџии.

9. Еден од десет ученици се отпишале од училиште заради повторувано тормозење.

10. Момчињата на помала возраст имаат помалку шанси да развијат симпатии за жртвите на силеџиството. Всушност, постои поголема веројатност тие уште повеќе да придонесат во проблемот, отколку да го решат.

11. Физичкото насилство расте во основните училишта, го достигнува врвот во средните, а опаѓа на факултет. Вербалното малтретрирање, пак, останува константно.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март