(ВИДЕО) Потресна снимка на мигрантите-дете кое успеа да влезе во возот ја бара својата мајка

Од:

Камерите во Гевгелија ја забележаа драмата на едно дете кое се најде во возот за Белград но остана разделено од своите родители. Во плач, безуспешно се обидуваше да ја повика неговата мајка до која никако не можеше да стигне. Стотици мигранти се туркаа да фатат место во возот во Гевгелија, тоа му успеа и на едно дете кое сфати дека остана разделено од мајката која не можеше да влезе во возот.

Иако многумина би биле подготвени да дадат се што имаат за местото во возот, ова дете на крајот излезе и тоа преку прозорецот, со помош на луѓето кои останаа надвор.
Во метежот на железничката страница неколку луѓе беа повредени. Мигрантите брзаат да ја поминат територијата на Македонија и Србија и да влезат побрзо во Унгарија која ја затвора целата должина на границата со ѕид од 4 метри и бодликава жица од метар и половина.

-Многу е важно, не само за Унгарија туку и за Европската Унија затворањето на границата да се заврши до крајот на месецот, рече Золтан Ковач, портпарол на унгарската влада.

Според прогнозите, во крајот на месецов во Европа преку море би можеле да стигнат околу 250.000 мигранти, а се најавува дека допрва следи најголемиот бран кој ќе дојде преку Турција.
Досега најмногу мигранти има во Грција, околу 140 илјади, потоа следува Италија со 100 илјади. Само во средоземното мора досега погинале 2.300 мигранти.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он