(ВИДЕО) Заев: Наша должност е да го чуваме споменот за Шишков

Од:

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица свечено беше отворено 22-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој е и претседател на Управниот одбор на фестивалот.

– Остануваме верни на традицијата, токму на денот кога ја славиме самостојноста на државата да ја славиме и самостојноста на актерот. Струмица повторно ги собира во своите прегратки актерите од земјата и странство и заедно со своето ,,добредојде‘‘ им вели: ,,Еве ви ги струмичките штици што живот значат, за да го покажете актерското мајсторство на единствениот фестивал кој Ви е посветен Вам‘‘. Ваквата порака до актерите Струмица ја испраќа по 22-ри пат, а во чест на најмаркантниот актер на овие наши простори Ристо Шишков.

sishkov2014Otvoranje (5)

 – Наша должност е да го чуваме споменот за него и да го пренесуваме на младите генерации, а актерите кои ја живеат денешнината во оваа наша земја, имаат извонредна можност тој спомен да им биде лектира како треба да се љуби сцената и како треба да се љуби Македонија во исто време.

sishkov2014Otvoranje (4)

– Оти, таквите љубови живееа во нераскинлива симбиоза во големото срце на големиот актер Ристо Шишков. Иако овој фестивал оддамна е етаблиран во севкупното културно живеење на Струмица и Македонија, иако е составен дел од европската асоцијација НЕТА, сепак има несоодветен третман од оние кои ја водат културната политика во државава.

sishkov2014Otvoranje (3)

 – Кога некои фестивали кои постојат само 2-3 години, добиваат значајно парче од колачот а овој наш фестивал добива само трошки, тогаш не е тешко да се заклучи дека неправдите го следеа Ристо Шишков и тогаш кога го имаше а го следат и сега кога го нема. Но овој фестивал постоел, постои и ќе постои, затоа што Шишков тоа го заслужува, затоа што Струмица и Македонија тоа го заслужуваат, рече градоначалникот Заев.

sishkov2014Otvoranje (1)

Во петте фестивалски денови, шеесетина актери кои играат во десет претстави на театри од шест држави, ќе се натпреваруваат за единствената награда за највисоко актерско достигнување.

sishkov2014Otvoranje (2)

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија