ВИДЕО: За какви песни се даваат субвенциите?

Од:

И вие размислувате да заминете од Македонија? Имате ниски плати и незадоволни сте од животниот стандард? Тоа е затоа што немате добиено државна субвенција од Владата.

Речиси и да не остана пејач во Македонија кој не е субвенциониран преку пеење на партиски митинзи или програмата за поддршка на домашната музичка продукција, во чии песни се опеваат владините економски политики.

Најнова песна која одекна во музичкиот етер е субвенционираната композиција на рап пејачот Тајзи, која преку конкурсот на МТВ доби 3. 000 евра од Министерството за култура, од кои 1.500 евра за песната, а останатите за снимање на видео спотот, во кој се врши промоција на убавините во Македонија, нешто слично како владините кампањи за проектот „Македонија вечна“.

draganVelichkovski

Иако владата е свесна дека платите на Македонците се мали, преку песни со љубов за татковината, субвенционираниот пејач со 3000 евра од Министерството за култура, Тајзи се обидува да ги задржи Македонците да не се иселувале од државата барајќи подобар живот.

„Мали плати, но топла душа“, „никој не љуби како Македонка“ „најлесно пасош у рука и фаќаш магла од тука“ – се стиховите од композицијата „Дома си е дома“ на рап пејачот Тајзи, кој доби државна субвенција од владата, а чија песна промовира анти – печалбарски поход на Македонците во странство, исто како заложбите на Владата.

Тајзи со новата песна не убедува дека иако Македонците тешко се снаоѓаат со месечните приходи како вистински патриот ги повикува Македонците доколку се одлучат на ваков чекор – да им ги соберат парите на странците и да се вратат назад дома. Бидејќи, „Западот лажен ни нудел се“, но Македонецот надвор од границите на државата – секогаш ќе биде само обичен странец!

И тоа не е се. Во композицијата се испреплетени повеќе елементи, во кои се опеваат тешките војни на Македонците и борците кои го дале животот за државата, а подоцна во песната Тајзи порачува да гледаме напред во иднината, а не во историјата, притоа да не дозволуваме партиите да не делат меѓусебно.

Со само еден албум зад себе, Тајзи се најде во групата на „истакнати изведувачи“ кои добија државни субвенции од владата за поддршка на домашната музичка продукција, како дел од првиот квартален конкурс на МТВ.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи