(ВИДЕО) Села и Касами: Река е симболот за консензуален кандидат

Од:

Даваме поддршка за кандидатурата на професор Блерим Река за претседател на Северна Македонија, ова е најдобрата понуда за граѓаните, тој има добар концепт и визија како ја гледа земјата, рекоа на днеешната прес-конференција лидерите на Беса и Алијанса за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села.

„Јасно е дека борбата секогаш се водела помеѓу политичари кои имаат за цел права и слободи за граѓаните, а од друга страна политичари кои централизираат и сакаат да владеат“, изјави Села и додаде дека Река е совршена симболика за консензуален кандидат кој се бара со месеци.

Билал Касами, лидерот на Беса, изјави дека ги охрабрува сите партии, други интелектуалци и важни фактори во јавниот живот да го поддржат Река како непартиска личност.

„Со поддршката на Река, кој е независен кандидат, ќе покажеме дека сме спремни да одиме напред во департизацијата на државата“, рече Касами.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

Касами со порака до младите: Вие самите треба да го трасирате сопствениот пат

А1он

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси

А1он

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Левица: Најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски