(ВИДЕО) Русковска: Обвинетите за организирањето на „27 април“ предлагаат по 300 сведоци

Од:

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.

„Сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката“, изјави Русковска по завршувањето на денешното рочиште.

Таа вели дека одбраната со последните дополнителни поднесоци има побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека Судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.

За организацијата на крвавиот четврток обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Анастасовски.

Судењето се одложи за 26-ти февруари.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април