(ВИДЕО) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Од:

Шефицата на Обвинителството за гонење оранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.

„Се привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари“, рече обвинителката.

Таа кажа дека не знае кој ја пуштил пратеничката Фросина Ременски од споредниот влез на зградата и за тоа може одговор да даде претседателката на Апелациониот суд, бидејќи зградата не е на Обвинителството.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и Бојан Јовановски.

Според истрагата, во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов