(ВИДЕО) Русковска: Двете аудио снимки на Антонио Милошоски се дадени на вештачење

Од:

Двете снимки што ги донесе Милошоски се дадени на вештачење и го чекаме наодот од тие вештачења, рече обинителката Вилма Русковска по вчерашните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека и по 48 часа по предавањето на снимките нема никаква реакција од Русковска.

„Го замолив Милошоски, доколку може, да обезбеди и сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на другата“, рече денеска Русковска, откако Милошоски предаде две аудио снимки кои наводно покажуваат дека експремиерот Зоран Заев одамна знаел за начинот на кој се финансира 1ТВ на Бојан Јовановски и дека се мешал во работата на Врховниот суд.

Таа го оцени како многу невкусно користењето на нејзиното име од страна на Мицкоски.

„Мислам дека е многу невкусно лични имиња да се користат во предизборна кампања. Доколку кој било има замерка на моето постапување тоа треба да го пријави. Ако нема доверба во јавниот обвинител на Република Македонија, тогаш до Советот на јавните обвинители, рече таа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера на протестниот марш побара покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на експремиерот Зоран Заев и истрага од тим на обвинители „кои нема да ги одбере Русковска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност“.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Милошоски: Ако Бугарија тврди дека проблемот се само Бугарите во Устав, ајде да поднесеме заедничка резолуција во ЕП со која се гарантира посебноста на македонскиот идентитет и јазик

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра