ВИДЕО: Протестно писмо до Бујар Османи, се бара раскинување на Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија

Од:

Организацијата Жени, мајки, родољупки на Македонија „Ангелина Маркус„ упати протестно писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во кое се бара од него да ги раскине Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија затоа што биле нелегални и нелегитимни според меѓународните правни норми.

Здружението побара одговор од Османи зошто меѓу службите на Обединетите нации се одомаќинила употребата на терминот „јазикот на РСМ“ наместо употребата на „македонски јазик“.

– Веќе извесен период кружат вести за интерна препорака за употреба на терминот „јазикот на РСМ“ во ООН. Одговорете ни, дали постои таков јазик? – прашуваат од Здружението „Ангелина Маркус“.

Оттаму сметаат дека има само еден излез за проблемите со Бугарија и Грција.

„Бараме од МНР да ја постави и раководи постапката за еднострано раскинување на двата ништовни, нелегитимни и нелегални договори, Преспанскиот и бугарскиот и да обезбедите членство на државата во ООН да продолжи под името Република Македонија согласно важечкиот референдум од 1991 година на кој имаше огромна излезност од 70%“, побара Здружението.

Организацијата бара од Османи да испрати нота и писмено барање до ООН до ЕУ и до сите инстанци за принципиелно однесување и враќање на одредницата „македонски“, „македонски народ“ и „македонски јазик“ во сите официјални и интерни документи на ООН и ЕУ.

„Нашиот, идентитетот, на македонскиот народ е неразделив од името Македонија. Оттука се почнува и се завршува! И националниот идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа етницитетот, историското минато, културата и територијата! А, јазикот наш насушен македонски е ризница на нашата меморија“, додадоа од Здружението „Ангелина Маркус“.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје

ДУИ: Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“

Меџити до Османи: Дали најмалку двапати си бил во Будимпешта на посета кај Груевски?

А1он