Случајот со ненадејната смрт на малата Јана ги загрижи родителите.
Како е можно здраво дете кое немало никакви посериозни здравствени проблеми да почине преку ноќ? Ова е прашањето кое си го поставува секој родител, со страв во себе дали нивното дете е здраво, дали треба да направат дополнителни прегледи. Дали синдромот на ненадејна смрт може да се спречи?
Но не само за децата. Не ретко слушаме и за млади, тинејџери но и луѓе во средни години кој не боледувале, барем не со видливи симптоми, а сепак починале одеднаш. Момче се срушило на тренинг и починало, 30 годишен маж пиел кафе и починал – се само дел од насловите низ медиумите.
Што е причината, дали овие лица имале скриени здравствени проблеми и уште поважно дали има нешто што можеле да сторат за да превенираат смртен исход, погледнете во интервјуто со специјалистите Д-р Аспазија Софијанова – педијатар и Др Ирина Бухова, интернист.