(ВИДЕО) Последни зборови на српскиот пилот-херој: Нема вие да гинете, јас ќе умрам!

Од:

Пред точно петнаесет години, командантот 204 на ловечко-авијацискиот полк Миленко Павловиќ го извлекол од авион својот помлад колега и полетал „кон смртта“, односно кон авионите на НАТО, кои го бомбардирале Ваљево, пишува српски „Телеграф“.

Во тоа време само 14-те авиони „МИГ 29“ можеле да и се спротивстават на авијацијата на НАТО, која броела 600 најсовремени летала.

Полковникот Павловиќ знаел дека нивните авиони се лесна мета за непријателот и дека секој лет носи таков ризик, пренесува РТС.

Кога на 4-ти мај добиле наредба за полетување кон НАТО авионите кои го надлетувале Ваљево, тој му се јавил на својот заменик и му рекол по секоја цена да го задржи помладиот колега да не полетува. Се доближил до авионот и со пцости рекол дека тие се деца и нема да гинат, туку тој нека загине, ако треба.

Жителите на Ваљево сведочат дека авионите не се гледале на небото, туку само ја слушале грмотевицата на моторите. Не ни претпоставувале каква драма се случува во висините, се додека не слушнале експлозија и не ги виделе запалените делови од авионот.

-Ги гледам, но ме гледат и тие мене. Ме имаат- биле последните зборови на Павловиќ.

Неговиот лет траел околу дванаесет минути, а веднаш по полетувањето му откажал генераторот за наизменична струја. Ракетата која била испалена од авионот, кој што се наоѓал во неговата околина го погодила авионот, а Павловиќ не се катапултирал.

Тие кои што го познавале веруваат дека тој никогаш не би го напуштил својот авион. Тој постхумно е одликуван со Орден за храброст и Златна авијациска значка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија