(ВИДЕО) Пепељугоски: Дури да играле скриена камера, руските комичари требало да му кажат на Заев дека го снимале

Од:

Да бев на местото на премирот Зоран Заев ќе поднесев тужба против руските комичари или пранкстери како што се нарекуваат, за нарушување на личниот углед и правото на приватност, вели пред камерата на А1он адвокатот за заштита на интелектуална сопственост, Валентин Пепељугоски. Според него, руските комичари немале чесни намери и снимката не е направена за сатирични цели. По негово уверување, тајно снимениот разговор со премиерот Зоран Заев има заднина и друга цел.

„Можев да поверувам дека намерите им се чесни, доколку на крајот од разговорот се претставеа и кажаа кои и се и за која цел го снимиле видеото. Знаете и на скриена камера да ве снимаат на улица, на крајот се должни да ве предупредат дека сте снимени и со ваша согласност да биде објавен снимениот материјал. Има правила кои треба да се почитуваат, тоа го знаеле и овие сатиричари. А дека не биле чесни, се гледа и од објавеното видео, кое не е пуштено во целост, туку сечено и монтирано“, вели адвокатот Пепељугоски.

Според адвокатот, руските пранкстери не се хакери и не постои можност за сајбер криминал, но лажното претставување, тајното снимање и неовластеното пуштање во етер на матерјалот подлежи на кривична одговорност.

„Со оваа работа би требало да се позанимава основното јавно обвинителство кое треба да стапи во контакт со руското обвинителство. Ова не е наивна работа, нарушен е угледот на премиерот, но и на една суверена држава. Затоа тие треба да се консултитраат со руски правни експерти и доколку постои простор да ја „истуркаат“ ова работа заеднички. Затоа што како што најавуваат пранкстерите, тие нема да престанат, а треба да се стави крај на ваквото однесување“, објаснува Пепељугоски.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија