ВИДЕО: Нападнат градоначалникот на Пожаревац

Од:

Неколкумина жители на село Маруљевац вербално го нападнаа градоначалникот на Пожаревац, Миомир Илиќ затоа што не ги посетил за време на поплавата, туку дури пет дена потоа.

-Каде беше во недела, кога немавме каде да ги сместиме животните-прашуваше еден жител на ова место.

Од видео записот се гледа дека градоначалникот одмавнува со рацете и се одалечува од жителот, кој го следи.

-Како не ви е срам? Дојдовте да се фотографирате овде – продолжи друг жител.

Групата вознемирени жители ги смирија членовите на српското МВР, кои што се задолжени за вонредна состојба.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија