(ВИДЕО) Миланов: Состојбата на Јанакиески се влошува

Од:

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов за А1он изјави дека здравствената состојба на ексминистерот кој веќе цела недела ја одбива храната од затворот, се влошува. Ова можеше да се забележи и на денешното судско рочиште за случајот „Траекторија“ на кое Јанакиески беше донесен од затворот Скопје во Шуто Оризари. Миланов вели дека здравствената состојба е еден од условите за промена на мерката притвор со поблага мерка, но сепак за тоа треба да одлучува Кривичниот совет.

-Здравствена состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во поблага мерка, но сепак за тоа ќе треба да одлучи Кривичниот совет. Како одбрана ќе размислиме дали ќе доставиме таков предлог до судот. Во овој момент само тоа ни стои на располагање, вели Миланов.

Согласно законот, судијата на претходна постапка за последниот случај за кој се води истрага против Јанакиески, нелегално продавање на државно земјиште за што ја доби и мерката притвор, може но и не мора да одлучува за укинување на затворскиот притвор на ексминистерот.

Бранителите на Јанакиески побарале детално известување од претседателот на Кривичниот суд и од затворскиот лекар за тоа каква е здравствената состојба на Јанакиески, по што ќе биде известена јавноста.

-Она што неофицијално преку колегите имам сознание, а за што можевте и вие да се уверите во судницата, здравствената состојба веќе започнува да му се нарушува, а како тоа ќе тече понатаму ќе бидете известени од институциите откако ќе ни ги дадат информациите, вели Миланов.

Јанакиески вечра попладне се пожалил на влошување на здравствената состојба. Веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8 септември“ каде му била дадена соодветна терапија по што е вратен во затворот во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

ВИДЕО: Во празна судница, Игор Јанушев осуден на двегодишна условна казна за кинеските автобуси

Александар Тодески