ВИДЕО: Краделе хуманитарна помош наменета за жртвите од поплавите

Од:

Последните неколку денови многу се зборуваше за кражба на хуманитарната помош, која требаше да стигне до најзагрозените кои беа погодени од поплавите. Босанската телевизијата БН објави снимка на која се гледа како две лица, на задниот излез во Домот за ученици во Добој, изнесуваат и ставаат пакети со вода во автомобилот, кој во вечерните часови го напушта дворот на Домот.

Како што тврди анонимниот избор кој ја испратил снимката до телевизијата, сето ова се случувало пред неколку дена.

– На снимката се гледа како во приватно возило се ставаат пакети со вода и пелени за деца. Во истиот автомобил повторно во вечерните часови се ставаат повеќе кутии кои се дел од хуманитарната помош, што е морбидно, ако се знае дека нема доволно помош за оние кои се најзагрозени – наведува телевизијата.

Граѓаните кои доаѓаат до Домот за ученици во Добој, им велат дека работното време е до 11 часот и дека можат да добијат само млеко.

И покрај тоа што властите најавија строга контрола во донациите, а обвинителите покажаат подготвеност да изрекуваат најстроги казни за луѓето кои препродаваат ваков тип на помош, сепак, ситуацијата на терен е поинаква.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави