Катедралата Саграда Фамилија, која се наоѓа во Барселона, е проект на познатиот каталонски архитект Антониo Гауди (1852-1926).
Темелите на овој објект се поставени во далечната 1882 година. Таа требала да претставува врв во кариерата на Гауди кој починал во 1926 година.
По неговата смрт, на негово место застанал Домених Сурганџес. Изградбата на црквата продолжила сè до Шпанската граѓанска војна. За време на војната, делови од надворешноста на црквата биле уништени од страна на каталонските анархисти. По војната, христијанскиот храм продолжил со изградбата. Осветлувањето на храмот било дело на Карлес Буигас. Фасадата во тоа време била изготвувана од страна на Џејми Боскетс, Етсуро Сото и Јосеп Субиракс.
Катедралата, според најавите, би требало да биде готова во 2026 година и ќе биде висока 172 метри.