(ВИДЕО) Инцидент на уривањето пред „Мавровка“: средовечен маж влезе меѓу разурнатите столбови

Од:

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред „Мавровка“ за време на уривањето.

Тој успеа да влезе во карабината и да земе парче од урнатиот столб, пред полицијата да го фати и да го истурка надвор.

Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа.

Во меѓувреме, застана со работа и багерот кој урива.

„Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.

Полицијата е распоредена секаде околу објектот, којшто се урива, и не дозволува никој да помине.

За време на рушењето, за првпат јавно се појави и сопственикот Мевљудин Алити, кој тврди дека ги има сите одобренија за градење со платени давачки и комуналии, и најави тужба во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС да каже дали приведениот за убиство го пуштиле од затвор за да работи за избори

Мицкоски: Убијците од „Мавровка“ излегле од затвор кога СДСМ биле на власт

Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во „Мавровка“ е расчистено

Осомничениот за помагање во случајот со убиството кај Мавровка сам и се предал на полицијата

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

ОЈО: Еден од осомничените за убиството кај „Мавровка“ пукал и сакал да убие и полицајци

Горан Наумовски