ВИДЕО: Ќе се жалиме во Стразбур, ги имаме сите одобренија, вели газдата на дивоградбата кај „Мавровка“

Од:

Мевљудин Алити, сопственикот на дивоградбата кај Мавровка, за првпат се појави пред јавноста за време на рушењето на објектот.

„Еве што сум добил од Град Скопје,  еве сумата што сум ја платил кон Град Скопје, еве ги и потписите од кај Петре Шилегов. Еве го решението за другиот објект, за парцелата од 86 метри квадратни, со потпис, со датум, со сè“, рече Алити покажувајќи им на новинарите цела папка со документи.

Тој тврди дека има одобрение за обнова на објектот кој му изгорел до темел.

„Ова е од Општина Чаир што сум го добил за расчистување на парцелата каде што се гради сега, на 24 јуни 2020, значи не сум отишол по свој памет таму да градам или да обновувам. Тоа е прво. Второ, ова е едниот од имотните листи за  парцелата, еве го од Град Скопје едниот имотен лист, еве ја сумата што сум ја платил, еве го решението од Општината за легализирање на едната парцела. Еве и за другата парцела со елаборат. Еве имотен лист од другата парцела“, рече Алити и нагласи дека за обнова на изгорениот објект, кој успеал и да го легализира, не му било неопходно одобрение.

Неговиот адвокат, Александар Варела, најави дека правдата ќе ја бараат по судски пат.

„Ако во  време на Грујо ‘Космос’ се уриваше по телефон, сега тоа го прави ‘Македонијапат’, ќе одиме на суд“, изјави адвокатот Варела.

Јавноста денеска за првпат го виде сопственикот на градбата кај Мавровка, кој минатите месеци се криеше и покрај тоа што имаше јавен повик тој да се јави за објектот кој се градеше на местото на изгореното кафуле „Фонтана“, на што му претходеше и мистериозно сечење на неколкудецениско здраво дрво во негова близина.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина пешак во Бутел – несреќата снимена, автомобил мина на црвено, удри друга кола и ја исфрли на тротоарот

А1он

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Сообраќајка кај Мавровка, повредени четири лица

А1он

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска