Осомничениот за помагање во случајот со убиството кај Мавровка сам и се предал на полицијата

Од:

Еден од осомничените за вчерашното убиство кај Мавровка попладне сам се предал на полицијата и тој е на распит во полициската станица во „Кисела Вода“, потврдуваат од МВР за МИА. Полицијата интензивно трагаше по ова лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело „убиство“.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени вчера на паркинг просторот позади трговскиот центар „Мавровка“, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на улица „Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Од МВР посочија дека по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови бил фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје, кому попладнево Основниот кривичен суд му одреди триесетдневен притвор.

За второто лице кое беше лишено од слобода вчера, од МВР велат дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаа интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело „убиство“.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он