(ВИДЕО) Бесправно употребено дело на ИРВИН во Музејот на македонска борба

Од:

Светски познатата словенечка уметничка група ИРВИН (IRWIN), преку својот адвокат, ќе реагира што Музејот на македонска борба без одобрение употребил нивно дело.
Се работи за плакат од 1987 година што групата, како дел од движењето „Нова словенечка уметност“ ( Neue Slowenische Kunst, NSK) го изработи за Денот на младоста, 25 мај. Во Музејот на Македонска борба плакатот е зголемен, исечен е натписот “Дан младости“ како што стои на оригиналот и е реплициран во неколку бои. Делото стои како позадина на восочната фигура на Драган Богдановски.
Подготвувајќи ја изложбата во Мала станица, Роман Уранјек, еден од основачите на култниот колектив ИРВИН, го посетил и Музејот и го видел нивното дело употребено без авторски права.
plakat original

plakat

– Вчера бев прв пат таму, воопшто не знаев дека го имаат тоа, ме предупредија колеги уметници, бев апсолутно изненаден. Исто така видов дека се работи за целосно неразбирање на тој плакат, бидејќи тој плакат беше исклучително силна критика на фашизмот и на комунизмот, ние со тој плакат сакавме да кажеме дека фашизмот и комунизмот се истиот „изам“. Од тој плакат прво беа воодушевени, но кога дознаа дека формата се заснова на „наци кунст“ плакат од 1937 година, тогаш апсолутно го осудија, нам ни се закануваше притвор, јавниот обвинител на Југославија сакаше да не’ стави во затвор. Овде гледам дека е употребен за некоја пропаганда – што е апсолутно неспоиво со тој плакат. Никогаш не не’ контактираа, го видов прв пат и тоа го направиле без авторски права. Мислам дека во таа смисла Македонија постапи како Северна Кореја, бидејќи тоа е бришење на историјата, вели Уранјек
Тој најавува дека ќе ги извести и другите членови на ИРВИН и нивниот адвокат, а потоа ќе одлучат како ќе реагираат за постапката на Музејот на македонска борба.

Роман Уранјек во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, вечерва ќе ја претстави својата изложба „At Least One Cross A Day After 1.1.2002“.

На 1 јануари 2002 година (денот кога е воведено еврото во Европската унија), тој го изработил првиот крст интервенирајќи врз новата европската валута, го почнал проектот „At Least One Cross A Day After 1.1.2002“ и секојдневно изработува дело употребувајќи го крстот.

-Оваа изложба зад себе има 12 години опсесија. Тоа е опсесијата секој ден да направам барем еден крст. Последните 6 години, секој ден правам фотографија на која има крст и правам дневници со крстови во вид на книги и интерпретации во книги. Мислам дека опсесијата е дел од творештвото. Го сакам крстот бидејќи е тоа форма која во себе има широко интепретациско поле. А кога ме прашуваат зошто токму крст, сакам да го цитирам Климт, познатиот бечки сликар, кој рекол дека крстот е најеротската форма, вели Уранјек

Раритет на изложбата се три 3 принта, документарна фотографија на исцртани крстови во јавен простор од Роман Уранјек од неговата посета на Скопје во 2007 година.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон