Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Од:

По повод 18 Април, Светскиот ден на културното наследство денеска е бесплатен влезот во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) за сите посетители. Музејот ќе работи во своите редовни термини од 10 до 17 часот.

-Земајќи го предвид значењето и заштитата на културното наследство, овој ден, кој се одбележува секаде низ светот, меѓу другото ја степенува и важноста во подигнувањето на свеста кај граѓаните од сите возрасни групи, ставајќи акцент на младите од средношколската возраст, велат од МСУ.

Во МСУ – Скопје во тек е меѓународното 14.Биенале на млади уметници „Будења“, каде може да се погледнат дела од 38 млади уметници. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

-Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?, посочуваат од МСУ.

Порачуваат дека напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или, пак, наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки.

Би можело да ве интересира

Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ