(ВИДЕО) Авион се урна меѓу згради во Бразил – има двајца загинати и тројца повредени

Од:

Две лица загинаа денес, а тројца се повредени кога мал авион се урна на паркингот на станбена зграда во округот Силвеира во бразилскиот град Бело Хоризонте.

Според првите информации од противпожарната служба, во авионот имало пет лица, објави G1 globo.

Според извештаите, пилотот пријавил губење на надморска височина кратко пред да се сруши авионот.

Екипажот на летот слушнал комуникација испратена до контролната кула на аеродромот Пампуља, неколку минути пред авионот со еден мотор да се сруши во североисточниот дел од градот.

Пилотот на малиот авион преку радио сигнал пријавил тешкотии при добивање на надморска височина кратко по полетувањето. Кулата понудила приоритет за враќање на аеродромот, но биле информирани дека авионот не може да полета.

Кратко потоа, авионот се урна на паркингот на станбена зграда.

Како што е наведено, авионот е од 1979 година и има капацитет за 5 патници, а моделот е познат како „сертанехо“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

ВИДЕО: Болсонаро избега во Мајами па се прогласи за „лидер на Бразил“

Ројтерс: Флавио Болсонаро замина од Бразил и се упатил кон САД

Горан Наумовски

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви