(ВИДЕО) Атина: 25.000 луѓе на протестот за „не“, 20.000 на протестот за „да“

Од:

Во центарот на Атина вчера се собраа две ривалски групи. Околу 25.000 противници на програмата на меѓународните кредитори за спас на Грција и околу 20.000 на оние кои на претстојниот референдум во недела ќе гласаат за мерките.

На насобраните на собирот за поддршка на гласот „не“, на плоштадот Синтагма пред Парламентот, подоцна им се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

grcija-ohi

Демонстрантите кои ја поддржуваат програмата на кредиторите, кои се собраа пред стадионот „Панатинаикос“, само 800 метри оддалечен од плоштадот Синтагма, извикуваа проевропски слогани, предупредувајќи дека по референдумот Грција би можела да ја напушти еврозоната.

grcija-ne

Грчката полиција вчера се судри со демонстранти на протестот на кој се собраа противници на договорот со меѓународните кредитори, а во еден момент полицијата фрли и шок бомби, јавија грчки медиуми.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос