ВИДЕО: Активистите утрово го блокираа патот кон Иловица – Штука, археолозите не стасаа на теренот

Од:

Со зборовите „мрш, одете си од тука, рудник нема да има“ утрово, во 5 часот, активистите ги спречиле археолозите што треба да го истражат теренот околу Иловица – Штука ангажирани од компанијата „Еуромакс“ да стигнат до местото.

Нивниот револт, кој трае веќе две години, ескалира пред една недела кога од „Еуромакс“ во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица ангажирале археолози што според законската процедура треба да вршат истражувања на теренот на кој се предвидени интервенции за тешка индустрија, односно отворање рудник за бакар и злато.

Според активистите и локалните жители, и ова е дел од замачкувањето очи од страна на „Еуромакс“ и тие немаат доверба дека архелозите ќе бидат професионални и објективни во процената.

Одлуката за блокадата била донесена на вчерашниот собир на активистите во Струмичко, кои биле поддржани и од нивни колеги од Хрватска, Малта и од Кипар.

Минатата недела тие најавија дека, ако е потребно, и со народен бунт ќе се бранат од рудникот „Иловица-Штука“ и дека повеќе немаат доверба во ниту една институција.

Во здруженијата „Екодолина“ и „Здрава котлина“ велат дека имаат и членови што се дипломирани археолози, докажани и признаени во својата област и надвор од границите на нашата држава, а на нивните прашања – државни, етички и морални, како и хронолошки документи на релација музеј – инвеститор, не добиле одговор.

Раководителот на ископувањата, Веле Секулов, ни одговори дека набргу со сите надлежни ќе заземат став како ќе ја продолжат работата за која се ангажирани.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ