ВИДЕО: 20 години од смртта на сараевските Ромео и Јулија

Од:

На 18-ти мај пред точно 20 години, загинаа „сараевските Ромео и Јулија“, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.

Тие беа убиени во близина на Сараево, на Врбањскиот мост во 1993-та година, додека се обидувале да избегаат.

Иако различни по националност во време кога тоа било скоро невозможно, Бошко и Адмира се подготвувале за венчавка и бегство од страшната реалност.

Тој кобен мајски ден во попладневните часови, со надеж дека ќе успеат да побегнат, еден Србин и една Босанка од Сараево станаа Ромео и Јулија.

Сликата од мртвите прегрнати тела на Ромео и Јулија од Сараево, на мостот ја виде цел свет.

bosko-admira

Седум дена откако се убиени, војската на Република Српска ги извлекла нивните тела и ги погребала.

По завршувањето на војната во 1996-та година, на иницијатива и желба на родителите на Адмира, нивните посмртни останки се префрлени во Сараево и се заедно погребани.

Нивната трагична љубов е опишана во многу песни и приказни, а снимен е и документарен филм.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина