ВИДЕО: Топ 10 најдобри филмски продолжетоци

Од:

Една од најголемите филмски предрасуди е таа дека продолжетокот на некој филм никогаш не може да биде доволно добар како првиот дел.

Дека не е така, покажува филмскиот критичар Тим Роби со листа на најдобри филмски продолжетоци.

Критичарот Роби од 2000 година пишува филмски критики за британскиот весник Дејли Телеграф. Еден е од коавторите на книгата The DVD Stack, водич низ најдобрите филмски остварувања на сите времиња. Неговата листа на 10 најдобри филмски продолжетоци, наредени хронолошки, неодамна е објавена и изгледа вака:

Невестата на Франкештајн (The Bride of Frankenstein, 1935)
Подеднакво добар, ако не и подобар, продолжетокот на Франкештајн на Џејмс Вејл од 1931 година. Борис Карлов го игра познатото чудовиште додека неговата сопруга, која ја игра Елза Ланкестер, плени со секоја појава во овој несекојдневен црно-бел хорор.

За неколку долари повеќе (For a Few Dollars More, 1965)
Клинт Иствуд созреа како маж и како филмска ѕвезда во овој втор дел од трилогијата на Серџо Леоне. Славниот вестерн ќе остане запомнет и како еден од првите филмови со каубојска 2:1 пресметка со пукање.

Кум 2 (The Godfather, Part II, 1974)
Беспрекорната филмска приказна Кум на Копола имаше одличен продолжеток, скокајќи од приказна во приказна, од минатото во иднината, па назад во сегашноста. Подемот на Дон Вито Корлеоне и судбината на неговиот син Мајкл подеднакво ја воодушевија публиката како и првиот дел.

Империјата го возвраќа ударот (The Empire Strikes Back, 1980)
Според мислењето на многумина најдобар филм од серијалот Војна на ѕвездите. Можеби причината за тоа е темната, заводлива режија на Ирвин Кершнер, а можеби и одличното сценарио кое гледачите ги остава изгубени во вселената.

Осми патник 2, (Aliens, 1986)
Името на вториот дел од филмот на англиски секако е еден од најлогичните, но и најефектните наслови во историјата на продолжетоците. Сигурни Вивер во овој дел, под режисерската палка на Џејмс Камерон, го потврди својот статус на хероина која светот ја чекал толку години.

Гремлини 2, Ново легло (Gremlins 2: The New Batch, 1990)
По шест години од анархистичкиот хаос кој го предизвикаа во првиот дел од филмот, гремлините се вратија посилни од кога било. Дури и критичарот Леонард Малтин, кој негативно го оцени првиот дел, во продолжетокот доби заслужена казна.

Приказна за играчките 2 (Toy Story 2, 1999)
Иако било планирано продолжетокот да биде објавен само на видео касети, филмот влезе и во кината, успевајќи без проблем да ја продолжи магијата од првиот дел. За срцепарателниот трет продолжеток и да не зборуваме…

Пред залез на сонцето (Before Sunset, 2004)
Кој вели дека љубовните приказни не можат достојно да се прикажат во продолжетоци? Овој филм, продолжување на романса во Виена во првиот дел Пред залез, докажува дека ништо не е толку емотивно како залезот на сонцето.

Надмоќта на Борн (The Bourne Supremacy, 2004)
Беспрекорната режија на Пол Гринграс, извонредното сценарио на Тони Гилрој и минимализмот на Мет Дејмон направија легенда од Џејсон Борн. Трилогија, која стана феномен и синоним за паметна акција. Четвртиот дел веќе падна во заборав…

Хари Потер и затвореникот од Аскабан (Harry Potter and the Prisoner of Azkaban, 2004) 
Крис Колумбус постави темели на филмска приказна за Хари Потер во режија на првите два дела. Меѓутоа, Мексиканецот Алфонсо Каурон ссо вештата режија на третиот продолжеток успеа од серијалот да направи дело кое со гордост може да го носи епитетот кинематографско колаче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“