(ВИДЕО) Ѓорчев: Срамно е вицепремиерите да си ја зголемат платата на грбот на граѓаните

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, од собраниска говорница побара да се повлече, како што рече, срамниот закон, со кој се предвидува да им се зголеми платата на вицепремиерите Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Хазби Лика и на Бујар Османи. Тој ги повика пратениците да се откажат од неадекватното зголемување на платите.

„Веднаш повлечете ги овие точки од дневен ред за зголемување на платата на функционерите и вториот закон со кој се предвидува да се стави заменик-директор на Агенција за поттикнување и развој на земјоделството. Срамно е ова што го правите. Малку ви се плати од 70.000 денари, па сега барате уште 8.000 денари. Срамно е и со заменик-директорите што ќе се плаќаат од грбот на народот“, рече Ѓорчев.

Точките остануваат на дневен ред бидејќи пратениците не го изгласаа предлогот на Ѓорчев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието