Германската песна за Евровизија обвинета за плагијат на минатогодишната победничка

Од:

Германската државна телевизија НДР соопшти дека започнала oфицијална истрага по тврдењето дека песната што ќе ја претставува Германија на годинешниов Евросонг, е плагијат на минатогодишната победничка песна.

Истрагата е отворена откако тиражниот германски весник „Билд“ објави дека германската песна на групата „Каскада“ е само копија на песната „Еуфорија“ со која минатата година во Азербејџан победи шведската претставничка Лорин.

Според весникот, двете песни се толку слични што во некои делови се речиси идентични. Музички експерти кои ги ангажира „Билд“ изјавија дека по темелното преслушување откриле оти песните се „премногу налик една на друга“.

Членовите на групата „Каскада“ гневно реагираа на обвинувањата, наведувајќи дека нивната песна „Глориус“ е оригинална творба и не е никаков плагијат. Остро реагираше и главната пејачка на групата Натали Хорлер, која е родена во Германија, но нејзните родители се Британци. Таа не само што ги отфрла обвинувањата, туку изјави дела очекува успех и висок пласман на германската песна.

Ова не е прв пат, пред или по одржувањето на евровизиското натпреварување, да се зборува за плагијат на некоја од песните што се натпреваруваат. Минатата година во Баку, како копија беше означувана и песната на Лорин со која таа подоцна победи во финалето. За нејзината песна „Еуфорија“ се тврдеше дека е „позајмена“ од една од песните на пејачката ѕвезда Ријана.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ