Лидерот на СДСМ во интервјуот за ТВ Алфа на „Пресинг“ кажа дека во последниве 20 дена се воделе на дискретно ниво разговори со власта, имало различни иницијативи на маса, но буквално сите иницијативи биле одбиени од Никола Груевски и од ВМРО-ДПМНЕ.
Одбивањето на предлогот покажува дека намерата на оваа власт не е решавање на политичката криза, туку продлабочување на истата, рече Црвенковски.
Тој кажа дека е свесен за последиците од бојкотот.
Одлуката за бојкот е една од најтешките одлуки во СДСМ во изминативе 20 години, свесни сме за последиците, но истовремено сме свесни дека со наше учество на локалните избори, без договор за излез од политичката криза и без парламентарни избори, ние би станале на тој начин само соучесници во изградбата на еден партиско-полициски режим во државата. Ставивме се на вага, се измеривме. Пратаниците ќе поднесат оставки, тоа значи дека некои ќе останат и без егзистенција, но тоа покажува до која мерка сме подготвени да поднесеме сопствена жртва И ризик.
За потегот на Стевче Јакимовски, кој поднесе кандидатура за градоначалник на Карпош, Црвенковски рече дека и тој самиот претходно учествувал во донесувањето на овие одлуки.
Тие не паднаа од небо, тој присуствуваше на сите состаноци. Во изминатиов период од две три недели имаше хајка притисок од власта во која се употребуваа сите средства за да се натераат поединци да истрачаат на избори. Се нудеа и неприсотјни потези, не знам дали кај него е да се задржи фотељата, за нешто што не знаеме дали е приморан да го направи тоа, јас не знам, но кога се води една од најважните битки, тој се реши да сврти грб на своите сопартијци.
-Јас разоварав со него, рече дека кора да води сметка за вработените во општината, и дека мора да води сметка ЗА граѓаните кои сакат да живеат во успешен Карпош. И едното и другото го уважувам но треба да се води сметка и за тие во Охрид и во Струмица и во Куманово, ама е битно и во каква држава ќе живеат. Клучните работи зависат од централната власт, а не на локално ниво. СДСМ не е создадена и градена да води сметка за интересите на сто, двесте или петстотини луѓе, туку за 2 милиони луѓе.
Црвенковски кажа дека радикализацијата на протестите не значи насилство.
Радикализација не значи насилство, немаме намера да влеземе во такво сценарио, дали такво сценарио ќе се случува зависи од власта, на една акција се добива соодветна реакција, сега планираме да се зголемува масовноста.
Од премиерот се очекува да најде формула да се реши оваа ситуација, а не да создава нови проблеми. Тој сега говори повеќе а конгресот на СДСМ во мај отколку за Советот на Европа каде ќе се одлучува за судбината на Макеоднија.
Црвенковски кажа дека во контактите со странските функционери, му било пренесно дека Груевски не сака оваа година парламентарни избори, зашто сакал да го реши спорот со Грција.
Тој имал намера конечно да го реши спорот и да ја внесе заемјата во НАТО и ЕУ. Јас во тоа не верувам, зашто мониторингот ако влеземе ќе стане посилен, не ќе може самовоилието да го прави како сега. Но ние рековме-ајде да постигнеме решение за предвремени парламентрани избори, а ако дојде до решение, однапред кажуваме дека ќе ги пролонгираме изборите за периодот на редовните парламентарните избори.
Црвенковски најави дека од недела продолжуваат протестите, но и активности кои нема претходно да се најавуваат, се до 24. март без прекин.Тој ги орфли обвинувањата од Груевски дека одработува за Грција.
Самите изјави говорат за примитивноста и ниското ниво од нивна страна, се разбира на ваквите тези следуваат прашања-врз основа на што Јас наредив полицијата да влезе во парламентот и да ги претепа пратениците и новинарите, дали јас сум виновен што на листата за слобода на медиумите паднавма најдолу на листата, јас ли сум виновен за политичките затвореници и политички мотивирани процеси или пак Никола Груевски, кој ја има целата власт во свои раце? Доаѓаме до размери кога можеме да разговараме за некаква паталогија.
Лидерот на СДСМ најави дека е можно решение, доколку им се даде шанса на граѓаните да се изјаснат кој треба да биде опозиција а кој власт во државата.