Чаша во глава – во Собрание најмногу настрада пратеник од Алијанса

Од:

Пратеникот на Алијанса за Албанците Елми Азири го извлече најдебелиот крај при денешната тепачка во Собранието. Како што се гледа на видеото, кога претседателот на комисијата Арбер Адеми замавна со чашата го погоди дирекно во глава Азири кој вчудоневиден се држеше за образот.

Остра реакција беше објавена и на официјалната фејсбук страна на пратеникот Азири

„Денеска дефинитивно на дело се докажа дека слабата точка на криминализираната власт била и е Судската власт!

Криминалот, корупцијата, насилниците и нивните сценарија беа манифестирани со вандализам и акти на насилство каде, со или без милост, беше погоден и пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири.

Ги повикуваме граѓаните да не запаѓаат во вакви сценарија и валкани игри на ДУИ кои ги фаќа паника секогаш кога власта е загрозена, или нивните планови пропаѓаат. Сите ние треба најостро да ги осудиме овие вандалски чинови и вандалистите на крајот ќе бидат повикани на одговорност. Сакаме да објавиме и дека за вечерва бевме повикани и на координација, но не седнуваме на маса со насилни вандалисти кои немаат врска со демократија или политика“ напиша тој.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски