Цела Европа се шегува со Трамп: Америка на прво место, кој сака да е втор?

Од:

По примерот со видеото во кое што Холанѓаните му ја претставуваа својата земја на Доналд Трамп и останатите земји од Европа почнуваат со слични видеа да се шегуваат со новиот американски претседател.

Швајцарија

Швајцарија е втората земја, по Холандија која што излезе со видео „Америка на прво место, Швајцарија на второ“. За ова видео се заслужни од шоуто Девил Лејт Најт кое оди на телевизијата СРФ.

„Ние не сме рамни како Холандија. Тие се многу рамни, тоа е катастрофа“ се вели во видеото од Швајарија.

Данска

Следна беше Данска со снимката емитувана на ТВ2.

„Имаме модерни супер-ветерници кои прават убава чиста обновлива енергија. Но без грижа, може да ги промениме во нафтени ветерници. Нема никаков проблем“ е данската порака за Трамп.

Германија

После Данска следуваше Германија со својата снимка објавена на телевизијата ЗДФ.

„Германија беше домаќин на две светски војни во последните 100 години и тоа биле најдобрите светски војни на светот, а ние победивме и во двете. Секоја вест која ќе каже поинаку е лажна. Точка“ се шегуваат Германците.

Белгија

Де Идела Верелд ја снимија порака за Белгија.

„АББА е најславниот белгиски бенд во историјата. Всушност тие се Швеѓани, но според алтернативните факти, сепак се Белгијци. Се заколнуваме“ се вели во белгиската снимка.

Португалија

„Го укинавме ропството во 1751. година. Повеќе од 100 години пред САД. Помирете се со тоа. Не би била лоша идеја и вие да го направите истото во вашите фирми, односно фирмовите на вашите синови“ заклучуваат од Португалија.

Литванија

„Ние сме центарот на Европа и најдобрата земја во Европа. Точка. Сите останати се губитници. Дали се во центарот? Не, ние сме“ велат Литванците.

Направен е и веб сајт www.everysecondcounts.eu, на кој што се поставени сите досега снимени видеа и оставен е простор и за видеа од останатите држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американски напади на Иран деветта ноќ по ред, Техеран одговара со удати на земјите од Заливот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не ги сака Шпанците, ама Трамп не можеа да го тргнат од бината при прославата на титулата

Трамп: Смртта на американските војници е трагедија, нови напади врз Иран како казна за ИРГК

Трамп: Сакаме уште едно Светско првенство, но без Канада и Мексико

ВИДЕО: Измислици и злонамерни клевети, Кина реагираше на обвинувањата од Трамп

ВИДЕО: САД ги прошири нападите врз Иран со таргетирање на мостови и пристаниште, Катар повторно под ракети

Катерина Ѓуровски