ВИДЕО: Алаѓозовски: Со што и со кого се солидаризираа актерите во МНТ?

Од:

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека вчерашниот чин на актерите во Македонскиот народен театар кои не ја одиграа претставата „Ничија земја“ во знак на солидарност со актерот Владо Јовановски кој е во притвор, е само уште еден доказ дека Македонија не е ослободена од долгогодишната партизација во културата.

„Сметам дека секоја слична намера во иднина нема да биде добра ниту по развојот на културата ниту, пак, во однос на демократизацијата на културните институции. Со кого и со што точно се солидаризираа актерите вчера?“, праша Алаѓозовски на прес-конференција во МНТ.

Во врска со вчерашните настани што ја пленуваа публиката која присуствуваше на претставата „Ничија земја“ која беше откажана на иницијатива на целиот ансамбл поради солидарност со Јовановски, в.д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац на прес-конференција изјави декаактерите ќе бидат санкционирани согласно со правилникот за работа.

„И покрај консултациите со мене и нивната намера да ја откажат претставата за што инсистирав дека не смее да се случи, ансамблот не ме послуша и ја откажа претставата што е недозволиво бидејќи претставите се играат за публиката. Нивниот револт или солидарност можеа да го изразат после претставата или денеска или кога било, но не смееше тоа да се случи на нивното работно место“, рече Спасов.

Од МНТ информираа дека на оние кои купиле карти за вчерашната претстава парите ќе им бидат вратени, или, пак, ќе може да ги заменат за друга претстава.

А.В.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Kонцерт на Џез триото АУМ