Во име на ЕУ, изгласано намалување на казните и за бивши и идни функционери во власта

Од:

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги намалуваат казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за помалку од два дена.

За Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија., додека за опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта.

Предложените законски измени Собранието вчера ги образложи заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ според која измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација.

Мадиќ појасни дека од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ и целта била да се усогласат со законодавството на ЕУ, но не спомна пред јавноста да каже дека член 3 став 2 од Кривичниот законик кој не се менува вели дека „ако по извршувањето на кривичното дело е изменет законот, еднаш или повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот“.

Се изменува и членот 353 кој се однесува на криминалот на функционерите, а тој не е меѓу тие 35 членови кои се усогласуваа со ЕУ.
Со ставот 3 од овој член за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања беше предвидена затворска казна од најмалку три години, ако сторителот прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, а со измената казната е намалена на една до пет години затвор. Ставот 5 кој предвидуваше затворска казна од најмалку пет години ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, со измените се брише и не постои веќе.

Во пракса ова значи дека автоматски ќе им се намалат казните за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување на функционери кои сега се обвинети или се веќе се осудени.

Бившиот премиер Никола Груевски требаше да лежи во затвор за скапиот мерцедес кој незаконски го набави Гордана Јанкуловска. Сега може да почека една година за да застари пресудата за влијание врз Јанкуловска за набавката на возилото, а ќе биде ослободен од пресудата од девет години затвор за рушењето на комплексот „Космос“ и од обвинението за корупција со кинеските автопати. За „шамарите во општина Центар“ и за „плацевите на Водно“ тој беше суден во отсуство и може да побара повторување на постапката.

Се спасуваат и други функционери на ВМРО-ДПМНЕ како Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Антонио Милошоски и Игор Јанушев, кој денеска беше осуден на две години условна казна затвор за набавката на кинескит автобуси додека беше директор на ЈСП. Казната не е правосилна.

Јавноста беше згрозена и од реакциите на правните експерти кои ги поддржаа овие измени, а некои од нив предложија и заменување со условни казни и општествена работа.

Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова, овој закон ќе обезбеди механизам за потенцијална амнестија.

„Овој закон обезбедува механизам за потенцијална амнестија на оние за кои секој ден слушаме што прават. Јасно е која е основната причина за донесување на овие измени – да се заштити криминалот и корупцијата. Денеска измените на Законот обезбедија заштита на криминалот и корупцијата, а преседан е и тоа што не е присутен министерот кој не стои на корицата на Законот, а по функција е тој што го персонифицира Министерството за неправда, потенцира професорката и пратеник, Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Во Македонија се возат седум години постари возила од просекот во ЕУ, новите се за функционери и државни институции

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

Орце Костов

Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески