(ВИДЕО) Спасовски: Истражителот фотографирал објект на Сашо Мијалков

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека истражителот на Катица Јанева бил уапсен откако фотографирал објект на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Истражителот на СЈО кој беше во полициската станиа “Беко“ бил забележан како го фотографира објектот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, бил повикан во станицата во Беко, обезбедувањето го пријавило во полициска станица и во Јавното обвинителство, и по насоки на јавниот обвинител е барана неговата изјава, по што истражителот е пуштен, рече Спасовски.

-Моите информации говорат дека лицето било забележано како фотографира објект на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, бидејќи е забележан од обезбедувањето бил повикан од полициската станица, а предметот е предаден во Јавното обвинителство.

Претпоставувам дека бил на некоја задача но тоа ќе треба да го каже СЈО. И јас моментот кога бев избран за министер беше сликана и мојата куќа. Зошто реагирало обезбедувањето тоа ќе го кажат од обвинителството, рече Спасовски.
Тој кажа дека СЈО ја има целосната поддршка од МВР и појасни дека опремата во УБК е целосно безбедна.

-Специјалната јавна обвинителка го повлече обвинителот зашто очигледно имаат недоразбирање со УБК околу договорот, и кога ќе се исполнат условите со Ериксон ќе биде завршена работата. Судските наредби ќе бидат завршени до крај, две третини се завршени работите. Наредбите мора да бидат спроведени, а неизвршувањето на наредбата е кривично дело, рече Спасовски.

Според него, зградата на УБК и опремата ќе се обезбедува, со видео надзор и полициски сили поставени од министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ