(ВИДЕО) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета

Од:

„Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен Суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната бригада, на нашите херои, се спречи ширење на пожарот и поголема материјална штета. Пожарот е целосно локализиран иако станува збор за високозапаливи материјали што придонесоа брзо да гори самиот објект. Во пожарот нема човечки жртви, ниту повредени, а очекуваме за брзо време пожарот да биде и целосно изгаснат. Голема благодарност до пожарникарите, каде координираното работење на Град Скопје и помошта од Комунална Хигена се покажува како ефикасно“, изјави градоначалникот Шилегов.

„За обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека навистина е жално што со нивната желба за собирање ситни политички поени, не водат првична грижа за луѓето, туку бараат моменти за политика без да се утврди дали можеби некој загинал. Ниту се изгорени важни документи, којшто сите претходно се дигитализирани, ниту па постои опасност на ова место да изникне зграда бидејќи ова земјиште е во сопственост на државата. Тој стил беше препознатлив во минатото, кога се палеа бараки за потоа да градат згради“, кажа Шилегов.

Инаку, на местото на пожарот, првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

(ВИДЕО) Пожар уништи зграда во изградба во Русија за само 20 секунди

ЦУК се справи со пет пожари на отворено во едно деноноќие

А1он

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Се запали стан во Скопје, опожарени се и неколку други станови