(ВИДЕО) Митревски: Резултатот на оваа Влада е конкретен, економијата расте, парите завршуваат кај граѓаните

Од:

Резултатот на Владата предводена од СДСМ е конкретен, наѓата земја е повторно на европската и на светската мапа, не сме веќе изолирана држава , заборавена од сите туку светол пример. На економски план во тек се голем број проекти за подобрување на животот на граѓаните.-рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во неговото обраќање во Собранието.

Како дел од тие мерки, Митревски ги посочи:

Растот на минималната плата од 9.000 на 12.000 ден. Враќањето на ефтина тарифа на струјата, што значи намалени сметки од 500 до 1000 денари. Намалување на ДДВ за парното греење од 18 на 5 отсто. Драстично намалување на казните и на трошоците за нотарите и извршителите. Поврат на персоналниот данок на земјоделците од 30 отсто. Поголем опфат на деца кои примаат детски и образовен додаток од 3.000 на 70.000 деца. Раст на социјалнаа помош за 300 отсто,при што едно четиричлено семејство добива по 10.600 денари наместо досегашните 3000 денари.

Сето ова, потенцираше Митревски е десет пати подобро од претходно, но не е доволно ,затоа што очекувањата од граѓаните се поголеми и слушајќи го гласот на граѓаните се прави и промената во владините кабинети , со цел исполнување на нивните очекувања.

Митревски ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат политиките на блокади и да се дистанцираат од криминалот на Никола Груевски.

Блокадата за суштински прашања како што е регулативата за СЈО само поради тесно партиски цели е на штета на сите граѓани и на штета на државата. Дистанцирање и осуда од криминалот е она кое што треба да го направите вие како опозиција и да работите за повисокиот интерес, рече Митрески.

Опозицијата има шанса да ја фати последниот момент и да се приклучи кон успешната приказна. Шанса да даде квалитетен и искрен придонес во реформите во правосудството, борбата со крорупцијата, екјономијата и финансиите. Време е за храбри одлуки, а влогот е голем, влогот е иднината на нашата држава, заврши Митревски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов