ВИДЕО: Косовските специјалци обвинети во Србија ќе се бранат од слобода

Од:

Притворот на тројца косовски специјалци е укинат откако Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението покренато против нив откако беа уапсени на територијата на централна Србија на 14 јуни.

Како што соопштија од судот, по спроведената претходна постапка и поднесен обвинителен акт од страна на Вишото јавно обвинителство Краљево против осомничените Б.С., Р.З. и Ш.М. поради по едно кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл. 348-ми ул. 4. во врска со ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, неистражниот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против обвинетите и донесе решение со кое на обвинетите им е укинат притворот.

Косовските полицајци го напуштија притворот нешто пред 11:00 часот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Твитер објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека, согласно повикот испрате на нивната минатонеделна средба, српските власти наскоро ги ослободуваат од притвор тројца претходно уапсени косовски полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто