(ВИДЕО) Јаневски: Струмица е на прав пат, реализиравме бројни проекти, го решивме проблемот со сместување на децата во градинките

Од:

Струмица со одбра правиот пат и Струмица сигурно ќе успее, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“, додавајќи дека Струмица е на високо ниво на креирање на својата животна средина.

Тој се осврна на бројните реализирани проекти во општината во изминатите две години, од кои, како проекти со особено значење ги издвои решавањето на проблемот со сместувањето на децата во градинките.

Изградивме две нови градинки и тоа во населените места Куклиш и Мутрино, обезбедени се средства за изградба на нова градинка во Струмица со капацитет од над 310 деца, а градинката во паркот е реновирана и е зголемен нејзиниот капацитет за 56 деца, рече Јаневски.

Со особена гордост, пред преполната спортска сала Парк во Струмица Јаневски го образложи проектот „Струмица – грижлив град“, кој претставува концепт за грижа за секој граѓанин, особено за лицата со посбени потреби, а општината има вработено22 лични и персонални асистенти за деца со попреченост и им обезбедува превоз од дома до училиште и обратно.

Нема населено место во општината, каде што не е асфалтиран и рехабилитиран пат, изградена каналиациска и водоводна мрежа, и така ќе продолжиме, истака Јаневски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“, во Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело