(ВИДЕО) Хаос во Никшиќ: БМВ влета во група луѓе кои ја славеа победата, има повредени

Од:

Неколку луѓе се повредени на кружен тек во Никшиќ, откако возач на автомобил „бе-ем-ве“ влетал во група луѓе кои ја славеле изборната победа на опозицијата во Црна Гора.

Од полицијата е соопштено дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба.

Инцидентот се случил на кружен тек во близина на автобуска станица.

Според информациите, предниот дел од возилото е целосно уништен, што укажува на силината на ударот.

Како што рекле сведоци на настанот, возачот намерно се залетал во луѓето. Исто така, на социјалните мрежи објавено е и видео на кое се гледа како бесни луѓе го претепуваат возачот на „БМВ-то“.

Засега не е утврдено дали е возачот е уапсен, како ни тоа дали се залетал намерно во народот.

Би можело да ве интересира

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски