Тројца загинати и една тешко повредена жена во експлозијата во бугарската фабрика за оружје во Канзанлак

Од:

Три лица загинаа, а една жена е тешко повредена во експлозијата во големата фабрика за оружје во централниот бугарски град Канзанлак, јавија денеска бугарските медиуми, пренесе ДПА.

Бугарското државно радио јави дека темниот облак од чад веднаш бил виден по силната експлозија во фабриката

ДПА јавува дека во тек е истрага за настанот.

Весникот „24 часа“, повикувајќи се на извори во бугарското МВР, претходно јави дека прекршување на технолошката дисциплина и невнимателно ракување со трансферот на пиротехнички производи ја предизвикаа експлозија во фабриката „Арсенал“ во Канзанлак.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на лице место се пронајдени останките на две лица. Според првичните информации, тие припаѓаат на жени.

ДПА јавува дека несреќи, вклучувајќи и со смртни случаи, релативно често се случуваат во бугарските фабрики за оружје и магацини за муниција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Камион со течен гас експлодираше на автопат, предизвика штета во радиус од 200 метри

А1он

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Смртоносна експлозија во Кабул: Плинска боца однесе најмалку осум животи