Трамп првпат ја спомна можноста да се одложат претседателските избори

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска спомена за можноста за одложување на претседателските избори во ноември, наведувајќи ги ризиците од измама поврзана со гласање по пошта поради епидемијата на коронавирусот.

Трамп напиша на Твитер дека „гласањето по пошта … во 2020 година ќе биде најнеточно и со најголема измама во историјата“.

„Ќе биде голем срам за САД. Одложување на изборите се додека луѓето не можат да гласаат нормално и безбедно ???“, напиша тој.

Според американски медиуми, нема докази за широко распространета измама со гласање по пошта.

Датумите на федералните избори ги одредува Конгресот, а Уставот не предвидува одложување до инаугурацијата на претседателот на 20 јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво